Македонија 15. декември 2020. / 11:19

ВМРО-ДПМНЕ: Победата на СДСМ во Штип е лажна, Заев е чекор поблиску до крајот на неговото криминално владеење

ВМРО-ДПМНЕ: Победата на СДСМ во Штип е лажна, Заев е чекор поблиску до крајот на неговото криминално владеење

СДСМ се радува на лажна победа. Победата во Штип на СДСМ е лажна како што е лажен датумот за преговори. 27.500 граѓани не излегоа на гласање затоа што не се согласуваат со криминалот на Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сашко Николов е победник за 400 гласа, но загуби Штип.

Победа не се добива со уцени, закани, притисоци и масовен поткуп.

Заев и СДСМ не се способни да организираат фер и демократски избори, тоа уште еднаш се докажа.

На губитникот Зоран Заев му доаѓа крајот, а тоа јасно го порачаа и граѓаните од Штип.

Народот не му верува на Зоран Заев и СДСМ. Заев е чекор поблиску до крајот на неговото криминално владеење со државата“ – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.