Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека точно една недела откако во јавноста осамна аферата „Рекет 2“ тешка над 11 милиони евра, а Јавното обвинителство на Вилма Русковска и властите не реагираат воопшто и со своето неделување овозможуваат криминалците да го повторат делото, да влијаат врз сведоци и докази.
Од опозицијата велат дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче го пуштија Ден Дончев да се брани со илузорна прес конференција, на која го призна практично целиот криминал, но реакција од ЈО нема.
Според нив реакција нема, затоа што ЈО е под директна команда на Зоран Заев.
– Неказнивоста на криминалот и непостапувањето на институциите во заштита на инвестициите кои обезбедуваат подобар стандард ќе има долгорочни последици.
Со несериозниот третман на случајот Рекет 2 се испраќа поpака дека секој потенцијален инвеститор може да настрада и нема да добие правда доколку на него му се намерачи некој соработник на Заев.
Затоа е толку катастрофална состојбата со странските инвестиции, а од Македонија заминуваат и оние кои дошле. – велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ смета ека Заев и Русковска по истиот принцип по кој ја затскриваа аферата Рекет сакаат да го затскријат и Рекет 2.
– Да не беше меѓународниот притисок во Рекет истрага воопшто и ќе немаше, за подоцна откако меѓународната јавност реагира во притвор да завршат само директните извршители Зоран Милески – Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева.
Зоран Заев и Вилма Русковска мора да знаат дека власта не е вечна, и дека со паѓањето на СДСМ од власт одговорност за целиот криминал, како и за неговото затскривање со цел неказзнивост ќе има. – констатираат тие.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека секој еден кој сега под диктат на власта врши криминал ќе одговара.
– Зоран Заев и СДСМ паѓаат. Граѓаните ќе им го кажаат тоа на претстојните парламентарни избори. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.