Проблемите на Македонија предводена од Зоран Заев остануваат да ги мачат граѓаните и во новата година, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Како што истакнуваат оттаму рецесијата на Заев донесе половина милион граѓани да го поминуваат денот со помалку од 130 денари.
-Нова година, стари проблеми со Зоран Заев. На 1 јануари пола милион наши сограѓани се разбудија и го живеаја денот со само 130 денари. Половина милион граѓани се на прагот на сиромаштија. Тоа го донесе Зоран Заев и неговата неспособна влада. Илјадници тутунари имаат намалени приходи и незнаат како да врзат крај со крај. Земјоделците во целост се донесени на питачки стап, велат од партијата во утринското соопштение.
Додаваат дека за само три месеци во минатата година Заев го зголемил долгот на државата за 1 милијарда евра а земјата е презадолжена.
-Неспособноста на Заев се гледа и по економската неактивност. Македонија и официјално влезе во рецесија. Се во стопанството е забавено. Фирмите имаат пад на приходи, а единствена константа се тендерите кои ги земаат фирмите на Заеви, велат од партијата.
ОД ВМРО-ДПМНЕ наведуваат и дека кога се работи за одговорност на некој од врвот на власта одговорност нема.
-Во Новата Година влеговме со нерешени случаи како Еуростандард, ШИК ЈЕЛАК, Рекет 1 и 2 и многу други. Нема одговорност за рекетирањето фирми, ниту има одговорност за крадењето од народот. 2021 година мора да биде година на промени. Година на одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.