Македонија 12. ноември 2019. / 11:27

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо инвестиции во нови, власта едвај ги одржува старите енергетски капацитети

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо инвестиции во нови, власта едвај ги одржува старите енергетски капацитети

Зоран Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија. Наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите. Нема месец, а да не испаѓа од употреба некој од блоковите во РЕК Битола. Загубите се нижат, а никаде ги нема најавените инвестиции во термоелектраните. Нема филтри, механизација, ниту нови јагленокопи. Термоелектраните се оставени сами на себе, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека власта вети многу, а не реализираше ништо. Нивото на реализација на програмата на СДСМ изнесува само 2%.

Власта најави и дека ќе ги изгради и хидроакумулациите Чебрен и Галиште. Три години како се на власт, немаат отпочнато ниту со изготвување проектна документација, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека три години власта ништо не направи на полето на енергетиката.

Три години трпиме само загуби. Време е СДСМ да си замине. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ – стои во соопштението.