Македонија 20. октомври 2019. / 20:47

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ги демантираме невистините изнесени на проталот „Цивил Медиа“

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ги демантираме невистините изнесени на проталот „Цивил Медиа“

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста најостро ги демантира невистините изнесени на порталот „Цивил Медиа“ со наслов „Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“.

Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, власта во паника шири лажни вести. Преку ваквите лажни вести целта е да се предизвика мнение за споделување на одговорноста за поразот на заевите политики во ЕУ.

Од таму додаваат дека Заев е детронизиран и прашање на денови е кога тој ќе заврши на мрачните страници на историјата.

-Криминалниот октопод е извор на високата корупција на чие чело е токму Заев. И токму тоа е причината за моментната состојба во која е втурната Македонија. Ваквите лажни вести нема да го амнестираат од одговорноста за поразите на земјата – се наведува во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.