Македонија 08. ноември 2020. / 09:44

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за сите задоцнети реакции и изгубени животи

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за сите задоцнети реакции и изгубени животи

Филипче мора да си даде оставка, зошто Македонија нема повеќе животи за губење, стои во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ до медиумите.

Од партијата велат дека „шверцерското ноќно објавување на бројот на починати и новозаразени нема да ја намали одговорноста и неспособноста на гробарскиот тандем Заев Филипче“. Секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани заради неспособноста на Филипче.

-Македонија е на врвот на листата на смртност во регионот, затоа што Филипче е неспособен. Пациентите чекаат и по неколку дена за тестирање, а потоа уште неколку дена за резултати. Додека да стигнат во болница, состојбата им е веќе комплицирана, и често завршуваат фатално, дури и млади луѓе, стои во соопштението.

Во него, ВМРО-ДПМНЕ наведуваат неколку примери зошто Филипче мора да си поднесе оставка:

– Здравствениот систем не функционира и луѓе умираат или по ходнкците молeјќи за помош или на пат кон болниците.

– Министерот Филипче имаше десет месеци да се подготви за новиот бран, но тој не направи ништо за да обезбедо минимална подготовка на капацитетите.

– Секојдневно се лажираат бројки на заразени и се кријат починати.

– Тестирањето на КОВИД заразените се претвори во милионаки бизнис додека за функционерите на власта тоа е бесплатно.

Од партијата обвинија дека доколку министерот Филипче не водел кампања со Заев летото и си ја вршел работата можеби сега ќе имавме доволно болнички капацитети и медицински персонал. Но. велат, тој се ставил во позиција на политичар, а не на лекар.

Филипче мора да понесе одговорност, за сите задоцнети реакции и изгубени животи. Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе. И додека Филипче е политичар во обид Македонија губи. Македонија нема повеќе животи за губење. Филипче или Живот. Оставка веднаш!, се вели во соопштението.