Македонија 28. ноември 2020. / 23:47

ВМРО-ДПМНЕ: 41 починат за само еден ден, а Филипче на твитер го брани Заев

ВМРО-ДПМНЕ: 41 починат за само еден ден, а Филипче на твитер го брани Заев

„41 починати од Ковид-19 во само еден ден, а Филипче наместо да се фати за работа тера кампања на Твитер и го брани Заев во внатрепартиски пресметки“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во вечерното соопштение.

Додаваат дека доколку Филипче сака да го брани квислингот Заев во внатрепартиски пресметки и да си тера твитер кампања тоа може слободно да продолжи да го прави, но треба да си поднесе оставка веднаш.

-Не може на секој саат да умираат по двајца од Ковид-19, а никој за тоа да не презема одговорност. Нема оправдување затоа што Македонија е на врвот на починати од Ковид-19 во Европа. Луѓе умираат затоа што системот не функционира, а за тоа е одговорен Филипче, реагираат од партијата.

Обвинуваат дека со денови се чека за тестирање, а потоа уште неколку дена за да се добијат резултати. Болниците се преполни, внатре е хаос и владее неорганизираност.

-Уште владее тагата за изгубениот живот на мајката на малата Михаела, која можеби ќе беше спасена, ако функционираше системот. Но системот не функционира и прашање е колку од овие 41 починати наши сограѓани ја имале истата судбина или можеби и полоша. Граѓаните не го заслужуваат ова. Филипче мора да сфати дека тој е единствен виновник за лошата ситуација и да си даде оставка веднаш. Ниту една лоша шега, ниту видео со папагал нема да го смени фактот дека треба да си замине, стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.