Генералниот секретар на СДСМ, Љупче Николовски кажа дека неговата партија се залага за промена на изборниот модел.
Министерот за земјоделство во заминување, Николоски, на новинарско прашање одговори дека постулат на нивната изборна програма е идејата за пропрционален изборен модел со отворени листи, но потенцира дека за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.
– Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. -изјави Николовски.
Тој додаде дека нивна желба е и граѓаните да бидат вклучени во носењето на одлуките.
Претходно денеска поддршка на иницијативaтa за реформа на изборниот модел стигна и од претседателот, Стево Пендаровски. Иницијатори за измени во изборниот модел се помалите политички партии.
– Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија. – соопштуваат од Кабинетот на Пендаровски.