Македонија 15. јуни 2019. / 18:46

Владата клекна пред аргументите на Николоски: Неговите сознанија не биле „научна фантастика“

Владата клекна пред аргументите на Николоски: Неговите сознанија не биле „научна фантастика“

Катастрофалното ниско ниво на реформи, корупцијата, економското назадување, но и ставањето на Македонија во иста група со Албанија во интеграцискиот пакет за Европската Унија, се причините за недобивањето на датум за почеток на преговорите, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е тажната вистина. Директна последица на катастрофалното ниско ниво на реформи, корупцијата, економското назадување и немање на владеење на правото, резултат на неработата на Заев. – напиша тој на Фејсбук.

Николоски уште во април минатата година ја информира јавноста дека постои договор помеѓу македонската и албанската влада за да се забават реформите со цел покрај Албанија и Македонија да не добие датум за прегооври во 2018 година.

– Немањето датум за почеток на преговори е и последица на најголемата грешка на Македонската дипломатија, а тоа е Македонија да се стави во иста група со Албанија!
Минатата година уште на почетокот на Април ја информирав македонската јавност дека постои договор помеѓу Владите на Заев и Еди Рама операционализиран преку Бујар Османи и тогашниот Министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати, кој имаше за цел да се создаде група Македонија – Албанија. Дел од договорот беше да забави со реформите со цел покрај Албанија и Македонија да не добие датум за преговори во 2018! – напиша Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека и покрај промената на името на државата од страна на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, сепак не добивме датум за преговори ниту оваа година.

– Македонија и покрај тоа што Заев и Димитров решија да го потпишат срамниот Преспански договор не доби датум и не почна преговори во 2018! Еве не доби датум и овој јуни и нема да почне преговори и во 2019!
Кога го изнесов ова сознание од Владата ми беше одговорено дека е тоа научна фантастика! – констатира Николоски.

Дека потрептседателот на најголемата опозициска партија беше во право се потврдува и со денешната кавга помеѓу претседателот Стево Пендаровски и албанскиот премиер Еди Рама.

– Денешната кавга помеѓу Стево Пендаровски од една страна и Еди Рама и Дитмир Бушати од друга страна само потврдува колку бев во право пред година и пол и колку сето беше вистина. Пендаровски е прв од власта на Заев кој индиректно собра храброст да признае дека групата на Македонија со Албанија ја влече државата назад. Кога тоа го кажа доби остар одговор од Рама и Бушати. Изгледа не биле „научна фантастика” моите сознанија. – напиша Николоски и побара одговорност од тие што го смислија и реализираа планот за уназадување на евроинтеграцијата на Македонија.