Македонија 24. ноември 2019. / 10:08

(ВИДЕО) Заев за РСЕ: Свесен сум за слабостите на оваа влада и самиот систем

(ВИДЕО) Заев за РСЕ: Свесен сум за слабостите на оваа влада и самиот систем

„Јас сум свесен за слабостите на оваа влада, но и на самиот систем, затоа што не е сè влада. Секако, разочарувањето е присутно кај сите граѓани, присутно е и кај мене, поради тоа што ЕУ не донесе одлука. Останува нашата надеж дека таа историска грешка ќе ја поправат“, вели во неделнотоинтервју за РСЕ премиерот Зоран Заев.

Според него, граѓаните не ги добиле очекувањата коишто ги имаат за правосудството и затоа како Влада зборуваат за она што ќе се случува во иднина, затоа што правосудството не е под контрола на владата, на извршната власт.

Ние ги донесовме законите, парламентот ги усвои, очекуваме многу работи во правосудството да се подобрат. Она што веќе е придобивка во судството е што имаме транспарентни процеси, имаме процеси која сите се еднакви пред законот и пред правдата, тоа го покажаа и случаите, што не беше случај пред 2,5 години за време на претходната власт, но секако тоа не е доволно. Знам дека се донесени неколку пресуди, неколку од нив се правосилни. Тоа сето не е доволно, но верувам дека во иднина ќе има уште повеќе конкретни пресуди, вели Заев.