Македонија 05. јануари 2021. / 11:02

(ВИДЕО) Во интервју за Радио Лидер Николоски откри ексклузивни информации за случајот „Глобал“

(ВИДЕО) Во интервју за Радио Лидер Николоски откри ексклузивни информации за случајот „Глобал“

Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. На емисијата беа изнесени повеќе негови ставови околу актуелната политичка ситуација, а она што е значајно за јавноста е екслузивната вест, а тоа е дека за рекордни 7 дена е ставен во употреба трговскиот центар „Глобал“ во 2008 година.

Според Николоски има непочитување на процедурите во процесот на градба уште од првичното одобрение.

– Истиот кој ја направил дивоградбата во 2008 година си ја легализирал самиот себе, вели Николоски за Радио Лидер.

Според Николоски чудно е како има добиено решение за градба за толку брзо време.

– Донесено е решение одобрение за градба, а решение за ставање во употреба е дадено за 7 дена, додава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Николоски ова е за во гинисова книга на Рекорди бидејќи никаде во светот не се изградил ваков трговски за толку брз период.

– 12 години подоцна заврши со едем голем пожар каде се оштетени луѓето со мали бизниси. Затоа за ова треба има одговорност, истакна Николоски.

На ова интервју исто така се зборуваше и за рудникот Иловица, но и за договорот со Бугарија и слично. Целото интервју може да го погледнете тука.