Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во гостување во НОВА, даде одговор кон што ќе биде насочена т.н. метла на премиерот Зоран Заев.
Кадровските промени во извршната власт, но и во СДСМ се актуелни по слабиот резултат на претседателските избори. Премиерот и сред кампања најави чистка во редовите на власта, на централно и на локално ниво, но и во партијата.
Шекеринска во интервјуто кажа дека нив не им требаат кадри кои не се согласуваат со нивната политика и не ги поддржуваат. Таа сепак не заборави да упати и пофални зборови кон институциите кои си ја вршат правилно работата.
Погледнете: