Македонија 03. август 2019. / 13:17

(ВИДЕО) Николоски на Мечкин Камен: Македонија и патриотите се вечни, оваа ненародна власт е минлива – Ќе победиме!

(ВИДЕО) Николоски на Мечкин Камен: Македонија и патриотите се вечни, оваа ненародна власт е минлива – Ќе победиме!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вчера, на најголемиот празник на македонската државност – Илинден, заедно со партиска делегација оддаде почит на Мечкин Камен во Крушево.

Тој посочи дека националниот празник Илинден е симбол за создавање на македонската држава и по тој повод упати честитки до сите граѓани. Николоски кажа дека Илинден е и порака дека треба да си ја зачуваме Република Македонија, која сега е понижена и економски опустошена.

– Илинден е симбол за создавање на македонската држава. Но исто така Илинден е порака дека треба да ја зачуваме Република Македонија, да ја зачуваме во овие денови кога е нападната, кога е обезличена, кога е понижена, кога е економски опустошена. Да ја зачуваме и да ја градиме Македонија, затоа што луѓето кои ги положи животите овде во 1903 година, ги положија за една поубав иднина и за македонската држава, а не за она што го гледаме дене. – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски кажа дека на оваа власт не и одговара постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа биле спречени да положат венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев.

– Во исто време сакам да истакнам дека почитувајќи го големиот национален празник делегација голема на ВМРО-ДПМНЕ како што гледате позади мене е тука да оддаде почит, но очигледно на власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев а исто така ни беше оневозможено да се упатиме и кон Слива и моравме во приватна организација да одиме на двете места. – изјави Николоски.

Тој кажа дека и доаѓајќи на Мечкин Камен од организирани партиски луѓе на СДСМ не биле удостоени со соодветен пречек и со тоа прв пат се наруши традицијата која била секогаш, а тоа е – опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден.

– Тоа покажува дека на Заев, на СДСМ и на оваа власт им смета постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што тоа не му смета на македонскиот народ. Ние сме тука и ќе бидеме секогаш тука за Илинден. Затоа што Илинден е Македонија. – истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски одговарајќи на новинарско прашање зошто не аплаудирал на говорот на премиерот Зоран Заев, кажа дека „Заев максимум што можам е да го игнорирам“.

– Не можам на Заев да му аплаудирам. Максимум што можам е да го игнорирам. Не можам да му аплаудирам затоа што ја понижи Македонија, затоа што го промени името на Македонија, економски ја опустошува и ја краде секој ден, затоа што ова е најкорумпирана Влада. – истакна Николоски и додаде дека таму е за да оддаде почит на Илинден, а не на Заев.