Точно 27 денови поминаа откако Економски Лидер ја објави аудио-бомбата за градоначалникот на Шуто Оризари, од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.
По сите скандали кој се случија меѓу време институциите како да заборавија да го истражат насилството на Дудуш.
На снимката која Лидер ја објави, можеше да се чуе како градоначалникот тепа и малтретира човек во својот кабинет, бидејќи го пцуел во центарот на Скопје.
Да потсетиме дек аМинистерството за внатрешни работи, наместо да преземе конкретна акција, се обиде да го заташка случајот и да замолчи пред јавноста.
Јавното обвинителство, исто така, не презеде никаква иницијатива да го истражи случајот со Дудуш.
Иако премиерот Зоран Заев и СДСМ го осудија насилството и ветија дека ќе има истрага за случајот, Дудуш, сеуште, слободно си ја извршува својата функција, без никакво обвинение од страна на надлежните.
Одговорност за овој случај не е поднесена ниту од МВР, кое се обиде да го заташка случајот со тоа што пријавата на жртвата Сенат Јашар била сменета и заведена како “Поплака”. Ова е класично заташкување на случајот на насилство врз лицето Курто Дудуш од страна на МВР и началникот на П.С. Чаир, Коменовиќ Сашко. Нашиот извор од МВР, тврди дека во заташкувањето на случајот бил вмешан министерот Оливер Спасовски кој интервенирал да пријавата да се преименува во поплака за да може да се спаси градоначалникот Курто Дудуш.
Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…
Слушнете како градоначалникот Дудуш го малтретираше човекот: