Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на својот Фејсбук профил го објави видеото од вожбата со боево гаѓањае на „Криволак“.
– Погледнете го видеото од тактичка вежба со боево гаѓање која се одржа на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“. Нашата Армија станува дел од најмоќниот воен сојуз во светот. #ОдлученУдар #DecisiveStrike – напиша министерката.
Инаку оваа вежба на НАТО е една од најзначајните за нашата држава, бидејќи најмоќниот сојуз има шанса да ги види нашите воени капацитети.