Македонија 11. февруари 2019. / 17:05

(ВИДЕО) Мицкоски: Со човечки животи се плаќа неспособноста на власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Со човечки животи се плаќа неспособноста на власта

Наместо здравје, граѓаните добиваат смрт, кажа денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето видео обраќање.

Мицкоски во денешното обраќање се осврна на масовната појава на загуба на човечки животи поради неквалитетното здравство.

Според него оваа власт не врати 100 години наназад, кога луѓето умираа поради немање на соодветни здравствени услови.

– За жал, деновиве сме сведоци на масовна појава на загуба на човечки животи поради неквалитетното здравство. Тоа е загрижувачки, за сите нас. Ова не е дневна политика, иако политичарите кои го водат ресорот се најодговорни, тука се работи за здравјето на граѓаните. За животот на деца, млади, возрасни. Никогаш порано во Македонија не се случило ова што се случува денес. Има десетина смртни случаи во десетина дена. Смрт после и пред операции. Смрт од епидемии, на морбили и на грип. Нема акција, нема дејство од владата. Наместо здравје, граѓаните добиваат смрт. – кажа Мицкоски и потсети на случаите во кои поради здравствена негрижа загинаа неколку граѓани.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ запрашува што ли треба да се случи, колку ли животи треба да се изгубат за да овие луѓе преземат одговорност?

– Оставка на министерот веднаш. Но и тоа не е доволно доколку за краток период не се преземат мерки и активности за средување на хаосот. Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните. И ова треба да престане. И ова не е политика, ова е појава која го загрижува целото општество. Ние сме вознемирени и загрижени. Ако владата не знае како да се справи, нека праша. ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите свои потенцијали за справување со состојбите. Потребна е акција, а владата бега. Имаме решенија кои можат да помогнат за да се санираат состојбите. – заклучи Мицкоски.