Македонија 21. декември 2018. / 10:43

(ВИДЕО) Мицкоски: Криминалот е во подем – поднесуваме интерпелација на Спасовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Криминалот е во подем – поднесуваме интерпелација на Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, објави видео на кое се прикажани нерасчистените криминали од страна на Министерството за внатрешни работи.

На видеото се прикажани неколку случаи на нерасчистени убиства, тепање на граѓаните, нерасчистен криминал, незаконско прислушкување, ослободување на криминалци и слично. Поради овие причини, тој најави интерпелација за работата на министерот Оливер Спасовски.

– Нерасчистени убиства!
Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР!
Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат.
Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција! – напиша Мицкоски на Фејсбук.