Македонија 07. август 2018. / 16:19

(Видео) Мицкоски: До 10 септември ќе соопштиме дали ќе повикаме на бојкот или не

(Видео) Мицкоски: До 10 септември ќе соопштиме дали ќе повикаме на бојкот или не

ВМРО-ДПМНЕ до десетти септември, односно до почетокот на кампањата за референдумот, ќе го соопшти својот став дали ќе повика на бојкот или да се излезе и да се гласа против.
Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 потврдува дека добил понуда за влез во владата но демантира дека барал измени на кривичниот законик кој би значеле амнестија за претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Интервјуто со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се емитува вечерва во 18 часот на Канал 5 телевизија.