Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево одржува протест во Скопје. Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Граѓаните на Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Побара оставка од премиерот Зоран Заев и нагласи дека нема да престанат со протестите.
– Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја. Така ќе ја спасиме и нашта историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина. Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, рече Мицкоски на протестот пред Владата.
Протестот со автомобили почна од две локации, спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ до владата.
Во продолжение еве го извадокот од говорот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.