Македонија 07. јули 2019. / 16:54

(ВИДЕО) Курто Дудуш тепаше човек во кабинет, МВР заташкуваше – одговорност нема!

(ВИДЕО) Курто Дудуш тепаше човек во кабинет, МВР заташкуваше – одговорност нема!

Точно шеснаесет денови поминаа откако Економски Лидер ја објави аудио бомбата за градоначалникот на СДСМ во Шуто Оризари, на која се слуша како Курто Дудуш тепа и малтретира човек во неговиот кабинет.

И по повеќе од две недели, Министерството за внатрешни работи, наместо да преземе конкретна акција, се обиде да го заташка случајот и да замолчи пред јавноста.
Јавното обвинителство, исто така, не презеде никаква иницијатива да го истражи случајот со Дудуш.

Иако премиерот Зоран Заев и СДСМ го осудија насилството и ветија дека ќе има истрага за случајот, Дудуш, сеуште, слободно си ја извршува својата функција, без нинакво обвинение од страна на надлежните.

Одговорност за овој случај не е поднесена ниту од МВР, кое се обиде да го заташка случајот со тоа што пријавата на жртвата Сенат Јашар била сменета и заведена како “Поплака”. Ова е класично заташкување на случајот на насилство врз лицето Курто Дудуш од страна на МВР и началникот на П.С. Чаир, Коменовиќ Сашко. Нашиот извор од МВР, тврди дека во заташкувањето на случајот бил вмешан министерот Оливер Спасовски кој интервенирал да пријавата да се преименува во поплака за да може да се спаси градоначалникот Курто Дудуш.

Лидер веќе го објави доказот како МВР се обиде да го сокрие скандалот.

Поплаката ја потпишал, полицискиот службеник, полицискиот службеник Волковски Љупчо.

Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…

Слушнете како градоначалникот Дудуш го малтретираше човекот, а властите сеуште молчат: