Македонија 19. ноември 2020. / 12:35

(ВИДЕО) Каракачанов: Со Димитров си збориме без преведувач, си праќаме поздрави со татко му кој е добар Бугарин

(ВИДЕО) Каракачанов: Со Димитров си збориме без преведувач, си праќаме поздрави со татко му кој е добар Бугарин

Бугарскиот министер за одбрана и еден од главните актери кои стојат позади бугарското вето кон Македонија, Красимир Каракачанов, го обвини Никола Димитров и целата македонска страна за наводна дволичност при преговорите.

Тој обвини дека иако бугарската страна е спремна да и помогне на Македонија, но истовремено македонската страна и работи на Бугарија зад грб.

Каракачанов посочи дека македонската страна треба да земе пример од таткото на Никола Димитров, кој според него, е одличен познавач на „вистинската историја на македонската држава“. Додаде дека Димитров во Софија разменува љубезности со него и Захариева, но кога тој ќе отиде во Брисел почнува да работи против Бугарија.

– Димитров доаѓа во Софија, во мојот кабинет, си разговараме пријателски и не ни треба преведувач. Тој ми праќа поздрави од татко му, јас праќам поздрави до него. Татко му е еден добар Бугарин, кој има напишано прекрасни статии за тоа како е создавана македонската нација, изјави бугарскиот Министер за одбрана Красимир Каракачанов во своето интервју на Bulgaria on Air, на почетокот на месецот.