Македонија 20. февруари 2019. / 17:59

Трамп со честитки до Заев: Ќе бидете нашиот 30-ти сојузник во НАТО

Трамп со честитки до Заев: Ќе бидете нашиот 30-ти сојузник во НАТО

Претседателот на САД Долналд Трамп испратил писмо до премиерот Зоран Заев во кое му честита за лидерството и посветеноста за имплементацијата на Договорот од Преспа.

– Во име на американскиот народ, Ви честитам за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство. Преку Вашите напори со премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија. – пишува во писмото на Трамп.

Според Трамп, Северна Македонија е голем партнер на Соединетите Американски Држави.

– Ние се радуваме што ќе можеме да ве пречекаме како наш 30-ти сојузник во Северноатлантската алијанса и да продолжиме со нашата заедничка работа со цел да обезбедиме мир и просперитет на Западен Балкан. – пишува Трамп во писмото до Заев.