Македонија 24. август 2020. / 20:48

Стоиљковиќ: Албанците се политички газди во Македонија

Стоиљковиќ: Албанците се политички газди во Македонија

Претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ во еден српски медиум изјави дека не верува дека ќе дојде до федерализација на земјата, но тврди дека Албанците се политички „газди“.

Единствена партија на која по изборите треба да и се честита за постигнатиот резултат е токму партијата ДУИ и на лидерот Али Ахмети, бидејќи и покрај контролата на најголем број општини во Мкедонија каде живеат Албанци и контролата на добар дел од министерствата во владата, успеаја да протуркаат консенсуален систем на одлучување, под превезот на закана од војна, судири и немири кај Албанците. Значи на некој начин се закануваа со федерализација, а всушност се работеше за тоа да се дојде до консенсуална демократија, бидејќи кога го имате тоа, ја имате контролата на целата држава, објаснува Стоиљковиќ.

Затоа, како што наведува, не би говорел за федерализација, бидејќи таа значи половичен начин на одлучување.

Консенсуалната демократија, иако и таа подразбира половичен начин на одлучување, на Албанците всушност им овозможува контрола на целата држава Македонија. Значи на овие избори е потврдено она што и порано го говорев-дека Албанците, дефинитивно се политички газди во Скопје, категоричен е Стоиљковиќ.

Министерството за финансии е клучно, според Стоиљковиќ.

Тоа е министерство које контролира се во оваа држава, па власта на Зоран Заев нема да биде во ситуација во целост да ги контролира сите финансиски и политички текови во земјата, дополнително што првиот потпретседател на владата кој доаѓа од партијата ДУИ, има на некој начин врзан потпис со претседателот на владата. Затоа сметам дека надигрувањето меѓу СДСМ и ДУИ уште пред истекот на првите сто дена влада ќе почне да дава негативни резултати. отворена е Пандорината кутија на т.н. преуредување на Македонија, смета Стоиљковиќ.

Во таа смисла, додава тој, честитките по изборот секако не може да се упатат кон партијата на македонскиот премиер.

Како некому можете да му честитате за поништувањето на сопствената нација, уништување на унитарниот карактер на сопствената држава, формирање влада и победа на избори ако го нарушил комплетниот уставно-правен систем? Не се работи значи за никакви честитки, туку за црн превез на реверите на речиси сите граѓани на Македонија кога е државата во прашање. Оваа земја ја очекува мошне тежок период во кој треба да се задоволат сите тие различни интереси, но од друга страна, добро е што српскиот народ, ниту по еден основ, не учествува во сево ова што се случува во Македонија, а што не е добро ни за државата, ниту за граѓаните, оценува Стоиљковиќ.