Македонија 02. мај 2019. / 15:45

„Шарените“ предвидуваат: Заев ќе даде оставка и ќе се повлече од политиката

„Шарените“ предвидуваат: Заев ќе даде оставка и ќе се повлече од политиката

Новинарот Сашо Ордановски кој важи за одличен познавач на состојбите во владата, а од институциите за рекордно брзо време доби безбедносен сертификат за пристап до највисоки државни тајни анализира дека премиерот Заев набрзо може да се повлече од премиерската функција и од политиката.

Според Ордановски Заев е разочаран од резултатот на првиот круг од претседателските избори и е подготвен да си замине од позицијата премиер и целосно од политиката пред новите предвремени парламентарни избори што би се случиле заедно со нови претседателски избори.

Ордановски ова го анализира во колумна за цивилмедиа.мк

А колку Заев е збунет и вон себе покажува вчерашната изјава во која тој во интервју признава дека лично спречил истрага за кривично дело направено од двајца високи владини функционери.