Граѓаните секојдневно ја гледаат деструкцијата и опасното дејствување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како во Собранието, така и надвор од него, соопшти владејачката СДСМ.
Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ продолжила со неодговорно, несериозно однесување на штета на граѓаните и институциите.
– Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, како и целокупната опозиција во Парламентот не сакаат функционално Собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните. Тоа срамно и неодговорно однесување е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Секогаш да ставаат сопки и дејствува на штета на државата и институциите, велат од владејачката партија.
Тие исто така го обвинуваат и Милошоски, кој, според нив, го кочи и блокира патот на Македонија.
– Апсурдно е тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ немало ништо со амандманите поднесени за да се блокираат измените на Деловникот кога истите јавно ги бранеше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните, на државата. Меѓу нив се и ваучерите од 6000 денари за пензионери, корисници на право на социјална сигурност,самохрани родители, деца без родители, уметници, филмски работници, како и диреткната помош на лозарите, изјавуваат во соопштението од СДСМ.
Според владејачката партија, деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието, може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.
–Со или без нив, граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните, велат од СДСМ.