Мицкоски побегна од лидерска средба, но нема да избега од правдата, соопштуваат од СДСМ.
Во партиското соопштение пишува дека СДСМ докажа дека за нив криминалот не познава партиски и дека бескомпромисно се за борба против криминалот и корупцијата.
– Мицкоски не успеа.
Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата.
СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата. – пишува во соопштението на СДСМ.
Од таму велат дека интегрирањето на СЈО во ЈО е во интерес на граѓаните и на државата.
– Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.
Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив.
Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.
Тоа е во интерес на граѓаните и државата.
Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.
Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата. – пишува во партиското соопштение.