Македонија 24. јуни 2018. / 12:53

Русија се заканува: Ако Македонија влезе во НАТО ќе има последици

Русија се заканува: Ако Македонија влезе во НАТО ќе има последици

Спутник денеска го објави коментарот на постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов во кој тој ги објаснува негативните последици од можното зачленување на Македонија во НАТО.

Според Чижов, Русија не е против ширењето на ЕУ, бидејќи секоја држава има право самостојно да носи одлуки, но понатамошното ширење на НАТО е „нешто друго“.

„Се разбира, нема да фрлиме нуклеарни бомби…Како што реков, секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки… Има грешки кои имаат последици”, изјавил Чижов, одговарајќи на прашањето за руска реакција на можното пристапување на Македонија во НАТО.