Македонија 27. мај 2019. / 12:28

Промените во СДСМ се за да победат на парламентарни исто како на претседателски избори

Промените во СДСМ се за да победат на парламентарни исто како на претседателски избори

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов кажа дека потпретседателите на партијата не биле сменети, туку сами понудиле оставки.

– Би сакал да ги разликуваме термините разрешен, сменет и дадена оставка. Јас и другите потпретседатели на СДСМ ги дадовме нашите оставки уште во текот на минатат недела. Како луѓе покажавме политички интегритет со давањето на оставки, во политиката ништо не е лесно, логично е во еден даден момент да си отидеме. – рече Шилегов, кој вчера ја напушти функцијата потпретседател на СДСМ.

Тој рече дека со промените што се случуваат во партијата се со цел да се креираат внатрепартиски политики кои ќе произведат победа на парламетарните избори, како на претседателските избори, пренесе Слободен Печат.

Инаку ова е контраверзна изјава имајќи предвид дека т.н. метла е поради лошиот резултат на власта на изборите.