Македонија 23. јули 2018. / 15:19

Продолжува лидерската средба: На ред е референдумот

Продолжува лидерската средба: На ред е референдумот

Премиерот Зоран Заев во кратката изјава за медиумите, пред продолжението на разговорите, истакна дека сите партии одлучиле денеска да заврши лидерската средба.

Тој најави дека сега ќе разговараат за референдумот, за неговиот карактер, прашањето и датумот.

Претходно истакна дека е прифатено барањето на опозицијата да се формира техничка влада пред секои парламентарни избори.

„Уште пред лидерските средби, работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, го усогласија текстот на новиот предлог Закон за финансирање на политичките партии, со вклучени предлози на опозицијата. Денес го прифативме и барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се направи законски измени кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува секој парламентарни избори, со формат идентичен на Пржинскиот договор. Согласно тоа се договорвме денеска да заврши лидерската средба.“, изјави Заев.