Македонија 24. ноември 2019. / 12:19

Премиерот пречекан со протести во Гостивар

Премиерот пречекан со протести во Гостивар

Премиерот во заминување, Зоран Заев вчера престојуваше во Гостивар во рамките на трибините со граѓаните насловени „На прав пат“. Но, пред пристигнувањето во овој град Алијанса за Албанците организираше протест на еден кружен тек со плакати против оваа посета, обвинувајќи го премиерот за спречување на работата на локалната власт и нејзиниот градоначалник, Арбен Таравари.

Малку подоцна поставените плакати се отстранети од органите на редот. Инаку на трибината организирана со активисти на СДСМ, премиерот во заминување Зоран Заев говореше за состојбата во земјата и мерките кои ги преземала Владата за економскиот развој на земјава.