Македонија 29. јули 2018. / 21:21

Преговорите пропаднаа: Заев ќе оди на референдум без ВМРО – ДПМНЕ

Преговорите пропаднаа: Заев ќе оди на референдум без ВМРО – ДПМНЕ

Нема веќе преговори за референдумот и референдумското прашање, брифираат владини извори денеска.

Според нив референдумското прашање останува исто како што го кажа Заев пред неколку дена, со комбинација од договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО.

Според најавите утре предлогот за референдумот оди во Собранието, каде се очекува 70 пратеници да дадат поддршка.

Од СДСМ велат дека веќе нема да има понатамошни преговори со ВМРО-ДПМНЕ но сепак за утре се најавува координација на пратеничките групи од која не се очекува промена на ставот на опозицијата.

Потврда за ова дава и провладиниот весник независен.

„Речиси извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде за поддршка на референдумското прашање, ама ќе си одлучат дали ќе повикаат на излезност или не. Сите имаме своја одговорност со кој треба да продолжиме да живееме. За жал, може да ѝ нанесат штета на европската и евроатлантската иднина на државата. Тоа, очигледно, има шанси да се случи“, вели за „Независен весник“ висок функционер на СДСМ