Македонија 19. јули 2019. / 17:12

Потенцијален скандал во Националната агенција: Директорката дала лажна изјава за вработен во банка?

Потенцијален скандал во Националната агенција: Директорката дала лажна изјава за вработен во банка?

Економски Лидер доби ексклузивни информации и документи од Националната агенција за европски образовани програми и мобилност кои укажуваат на потенцијални неправилности извршени од страна на директорката Лидија Димова.

Документите кои беа доставени до редакцијата на Економски Лидер говорат дека директорката Лидија Димова потпишала документи за неколку свои вработени со цел истите да обезбедат кредит од една македонска банка. Според документацијата постои сомнеж дека Лидија Димова, направила кривично дело со тоа што ја излажала банката за работниот статус и висината на плата за дел од лицата кои се ангажирани со договор на дело во Националната агенција.

Економски Лидер доби информации дека Лидија Димова за дел од лицата вработени со договор на дело до 31.05.2019 година, најпрво им направила промена на договорот со промена само на една страница на договорот за надворешни соработници и истиот им го продолжила.

За истите лица, Лидија Димова потпишала известување до една наша банка со кое ја известува банката дека лицето е вработено на неопределено време. Иако на самиот документ каде што е потпишана директорката Лидија Димова стои дека „под кривична одговорност потврдува дека дадените податоци се точни”.

Економски Лидер ја контактираше Националнтата агенција со цел да добие информација дали лицата Никола Ракиџиев е вработен на неопределено време или е со договор на дело за надворешен соработник. Добиена е потврда дека лицето е вработено како надворешен соработник со договор на дело.

Оваа информација ги потврдува сомнежите дека се работи за злоупотреба на службена позиција, фалсификување на службена документација како и измама кон банка.

Доколку сомневањата, според доставената документација до нас, која Ви ја приложуваме во прилог, се потврди, тогаш ги повикуваме надлежните соодветно да постапат.

 

Изјава до банка
Број на договор за дел од лицата
Времетраење на договор
Промена на стр.2 и дополнување за два месеци
Страна 2 каде се гледа датата променета