Почна лидерската средба на која се присутни премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката н партијата Радмила Шекеринска, Лидерот на ДУИ Али Ахмети и заменик претседателот на Владата, Бујар Османи како и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот одбор напартијата Тања Каракамишева. На лидерската средба присутни се и претседателот на БЕСА, Билал Касами и Аријанит Хоџа.
Средбата се одржува по барање на Мицкоски кој вчера ја напушти лидерската средба во проширен состав и побара да се одржи нова во потесен формат (лидерите на четирите најголеми партии со по двајца претставници).
На денешната лидерска средба Мицкоски ќе го повтори барањето на ВМРО-ДПМНЕ формирање на техничка влада и нов закон за финансирање на политичките партии.
По напуштањето на средбата Мицкоски ги обвини владејачките партии за девијантно однесување поради поднесувањето на измените во Изборниот законик.
–Како ВМРО-ДПМНЕ изразивме сериозен револт и несогласување и негодување на девијантното однесување од страна на владините претставници и владејачкото мнозинство кога на еден начин неделовнички, што досега не беше пракса во политичкиот живот, се утврди потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициска партија, а се со цел да се намали потребниот број пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 80 на 61, рече Мицкоски,
Премиерот Заев по завршувањето на вчерашната лидерска средба рече дека на сите други претставници на партиите што останале на средбата се за успешен референдум.
– На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговараме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.