Македонија 11. јуни 2019. / 10:00

По средбата излегол блед: Што потпишал Заев со Ахмети во Тетово? – Кантонизација и наместен попис?

По средбата излегол блед: Што потпишал Заев со Ахмети во Тетово? – Кантонизација и наместен попис?

Премиерот Зоран Заев остварил средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во Тетово, во периодот помеѓу двата претседателски кругови се со цел да обезбеди поддршка за победа на изборите. Ова вчера го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ Тема” на Телма телевизија.

– Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија. – потенцираше Мицкоски.

Заев на таа средба, како што брифираат луѓе блиски до премиерот, потпишал договор со ДУИ каде се предвидува менување на карактерот на државата. Затоа, на само месец дена по изборите се наметнуваат две теми во јавноста. Првата е промена на изборниот модел, а втората е пописот, кој доколку се фалсификува ќе биде силен ветар во грб за многу други барања на Албанците.

Пред неколку денови новиот генерален секретар на СДСМ Љупче Николовски, но и претседателот Стево Пендаровски ја отворија темата за промена на изборниот модел, со што би се намалиле изборните единици и би се гласало со отворени листи.

Што се однесува до пописот, методологијата не е целосно усогласена со европските стандарди, но и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера потврди дека не биле консултирани за ова важно прашање, а може да не учесвуваат во таа политичка трговија на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски нагласи дека можеби и ова изборно редефинирање на тие граници кое деновиве го актуализираше Стево Пендаровски е дел од тој договор или новиот изборен модел ќе му кумува на тој процес со исцртување на нови граници или пак можеби се е шпекулација, но треба да за излезат и да одговорат.

– Навистина жалам ако господинот Стево Пендаровски не бил информиран за таа средба бидејќи гледам дека влета во една партиско политичка теорија која што ја отпочна од пред некој ден или втора теза е дека го дивергираа вниманието од оној фијаско неуспех кој што им следи за неколку дена од сега, а тоа е недобивањето на датум за отпочнување на преговори. – истакна Мицкоски.

По средбата во Тетово, Заев излегол блед, шпекулираат за Лидер луѓе од крилото на ДУИ кои не сакаат соработка со СДСМ, но сепак прифатил и потпишал.

Мицкоски даде тригер, а се отвора дилемата што крие тетовскиот договор на Заев за менување на карактерот на државата.

Инаку за потсетување премиерот велеше дека не постои т.н. Тиранска платформа, па донесе двојазичност.