Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашниот дуел со министерот за надворешни работи Никола Димитров, кажа дека Македонија не доби ништо позитивно од потпишувањето на Договорот од Преспа.
Николоски кажа дека не се живее подобро и тоа е потврдено од народот. Димитров инсистираше дека референдумот, иако официјално пропадна, бил успешен.
Шефот на дипломатијата наместо за конкретните придобивки од Договорот од Преспа, зборуваше за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и за бомбите, не осврнувајќи се за реалната ситуација во државата.
Николоски инсистираше да се зборува за сегашната ситуација, за тоа што нема подобар живот во државата, но Димитров, немајќи конкретни одговори, ја обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека нема основ да критикува.
За крај и двајцата беа запрашани дали ќе има датум за почеток на преговорите.
Николоски кажа дека ниту во декември, ниту во март ќе започнат преговорите со ЕУ.
Димитров рече дека нас ќе не биде.