Македонија 22. мај 2019. / 19:12

Николоски прашува: Дали некој од власта е дел од нелегалниот бизнис со дрога?

Николоски прашува: Дали некој од власта е дел од нелегалниот бизнис со дрога?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во својата последна колумна насловена “Кокаин во поларизирана Македонија”, објавена во Независен весник, пишува дека оваа Влада на чело со премиерот Зоран Заев не е способна да се справи со проблемите на граѓаните.

Користејќи го скандалот со пратеникот Павле Богоевски, кој беше сниман како си нарачува кокаин во такси, Николоски ја отвора темата дека во Македонија дрогата никогаш не била пораспространета. Тој пишува дека распространетоста на дрогата се должи, пред се, на тоа што никој не ги гони и апси дилерите.

Николоски се сомнева дека некој од власта е дел од нелегалниот бизнис со дрога, па затоа институциите ништо не преземаат за да ја сузбијат.

– Низ неуспехот за силна и одлучна борба со нелегалната трговија со дрога практично и на дело се покажува целата неспособност на Заев и владата која ја води. Нема ниту капацитет ниту човечки и кадровски потенцијал кој може да се справи со ова, или можеби не сака! Затоа што логично е да се постави прашањето дали можеби некој во власта е дел од нелегалниот бизнис со дрога ако толку многу ја има, а власта не прави ништо да ја сузбие. Нека биде ова фрлена ракавица од мене и нека проба Владата со своите активности да ме демантира. – пишува Николски во колумната.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.