Македонија 19. декември 2018. / 17:29

Николоски повика на протест: Утре пред Влада да го изразиме револтот против сите неправди

Николоски повика на протест: Утре пред Влада да го изразиме револтот против сите неправди

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на својот Фејсбук профил, го најави протестот на партијата, закажан за четврток од 19 часот.

– Четврток од 19:00 часот придружете се на протестот против неспособноста на Владата предводена од Заев. Заедно да го изразиме нашиот револт против сите неправди нанесени од оваа Влада – напиша Николоски.