Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА ТВ во однос на трајното иселување од земјата вели дека во 2017 година трајно иселени само во земјите-членки на ЕУ се 27.337 македонски граѓани и тука не влегуваат оние кои што одат на привремена работа, а 2018 година пак била рекордна во историјата на Македонија.
–2018 година е рекордно највисока од независноста на Македонија, значи и од оние црни денови на транзицијата во деведесетите години, од Македонија се иселиле точно 33.357 граѓани. Во 2018, во цела година власт на Заев највисоко иселување – посочи Николоски, нагаласувајќи дека ова се бројки обезбедени од Европската Унија.
Николоски објасни дека тука не влегуваат иселувањата во земји надвор од ЕУ, иселувањата во Австралија, иселувањата во Обединетите Арапски Емирати каде што многу Македонци одат, и иселувањата во Америка и Канада, туку само во земјите-членки на ЕУ.