Министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, ги соочуваат аргументите за Договорот од Преспа, на неколку денови пред референдумот во „Топ тема“ на Телма телевизија.
Николоски посочи дека кампањата на власта им е за европска Македонија, а гласањето е за Северна Македонија. Тој напомена дека на граѓаните не им се зборува како ќе се вика државата, туку манипулираат дека во ЕУ здравството било бесплатно.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Грција мора да признае македонско и албанско малцинство на нејзина територија, да им ги гарантира основните права, правото на образование на мајчин јазик и правото на здружување.
Тој потсети дека Димиторв беше на највисоки функции на владите од ВМРО-ДПМНЕ, па во 2011 година дури се нудел за министер за надворешни работи.
Димитров ја негираше оваа изјава и кажа дека бил на дипломатски позиции, а не на партиски.