Македонија 07. април 2020. / 23:22

Николоски: Дипломатски скандал е што Димитров не го пречека колегата од Унгарија на аеродром

Николоски: Дипломатски скандал е што Димитров не го пречека колегата од Унгарија на аеродром

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакнува дека е дипломатски скандал тоа што македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров не го пречекал својот колега од Унгарија, Петер Сијарто, кој дојде во Македонија во официјална посета за да достави медицинска помош.

Мислам дека посилно е тоа од Димитров, но, едноставно не можат да се надминат. Велам, не е важно од кого е помошта. Тој исто така може да организира помош и нека организира. Ова е рушење на имиџот на државата. Шекеринска воопшто не знаеша за помошта од Словенија, а министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше за тоа дека е организирана помош – изјави Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.