Наместо договор, позициите на лидерите на најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, останаа непридвижени.
Лидерската средба која што се одржа вчера во Собранието заврши без договор.
Премиерот Заев остана на ставот обвинителката Вилма Рускоска треба да раководи со новото СЈО, кое ќе биде во ракмите на постоечкото Јавно Обвинителство. Наводно, целта на Заев била да има амнестија за случајот „Рекет“ и други скандали поврзани со власта. Во еден момент премиерот дури и се согласил за нов сектор во обвинителството, но тоа да важело само за случаи кои ќе настанат од датумот на формирање на тој сектор.
По седум часа вртење во круг лидерите ја завршија средбата без договор.