Македонија 26. ноември 2020. / 20:44

Нема човек што не почувствувал срам кога го гледал Заев, рече Мицкоски

Нема човек што не почувствувал срам кога го гледал Заев, рече Мицкоски

Оставка на Заев – слобода на народот, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го започна говорот на протестот пред владата на кој рече дека

Заев газеше по коските на партизаните и илинденците, со неговите ставови ја укинува македонската државност и затоа треба под итно да се извини за своите изјави за бугарскиот медиум.

“Нема човек што не почувствувал срам кога го гледал Заев, човек без кичма е отсуство на самодоверба и достоинство, но срамот на Заев не е наш срам” , рече Мицкоски во обраќањето.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните побара обединување сега, за да не биде предоцна.

Порачувајќи дека во народот е силата, Мицкоски најави дека граѓаните заедно со најголемата партија ќе продолжат да протестираат.