Македонија 20. септември 2018. / 14:19

Над 20 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за промена на уставното име: Немаме мандат да го менуваме името на татковината

Над 20 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за промена на уставното име: Немаме мандат да го менуваме името на татковината

Над 20 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ јавно се изјаснаа дека нема да гласаат за уставни промени со цел промена на уставното име.

Пратениците, најчесто преку своите социјални мрежи, се изјаснаа дека нема да гласаат за промена на Уставот. Тоа го направија Влатко Ѓорчев, Лилјана Кузмановска, Васил Пишев, Дафина Стојановска, Зоран Илиоски, Емилија Александрова и други.

Според ВМРО-ДПМНЕ пратениците сами по свое убедување, без никаков притисок, објавиле дека граѓаните не им дале мандат да го менуваат името на државата.

Ставот на народните избраници е во согласност со ставот на партијата, односно секој сам да одлучи дали ќе оди на референдум или не, на 30 септември.