Македонија 15. септември 2019. / 12:28

Mинистерот Филипче ќе присуствува на протестот против насилство врз медицинските лица

Mинистерот Филипче ќе присуствува на протестот против насилство врз медицинските лица

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека ќе присуствува на протестот закажан за среда против зачестеното насилство врз медицинските лица и останатиот персонал вработен во установите, пренесува Сител.

На денешната прес- конференција министерот рече дека почнале да превземаат мерки за да не се случуваат инциденти во иднинна , исто така повтори дека и за утре ќе имаат координација со Министерството за правда и Министерството за внатерешни работи, а ќе започнат и едукативна кампања за стоп за насилствопѕто во болниците и клиниките.

Тој повтори дека ќе има обезбедување во 4 -те најкритични Клиники и дека полиција ќе партолира почесто околу старата Градска болница.

Од друга страна од асоцијацијата на млади лекари и специјализанти рекоа дека не се задоволни што само во овие четири установи ќе има професионално обезбедување. Според нив потребно е систематско решение во секоја болница и клиника да има засиленио обезбедување.

Револтот ќе ќе го изразат во кругот на Клинички во среда во 11 часот.

Нивниот настан предизвика голем интересн на социјалните мрежи и најавен е голем интерес од страна на лекрарите.