Активистот Ивор Мицковски на Фејсбук реагира на последната изјава на премиерот Зоран Заев кој вели дека Зоран Верушевски бил разочаран од СЈО, и затоа рекол дека „бомбите“ се модифицирани.
– Заев ни кажува дека Верушот бил разочаран од СЈО па конвергирал на такви зборови и употреба.
Да бе, конвергирал на ВМРО од разочараност. А разочараноста веројатно конвергирала со стравот дали ќе продолжи неказнивоста на сите криминали.
Абе го следи ли некој што збори човеков?
И што има премиер да кажува какво ќе биде нечие сведочење? Што има да се слуша со адвокати на обвинети, ма што има да го контролира судствово? Ама ајде, тоа е изгубена прича веќе…
Сега џабе си ги додавате бомбите ко во цртан филм, евентуално бомбата ќе мора да експлодира во рацете на еден од вас, ама толку ви се врзани судбините, што сеедно е кај кого ќе пукне. – пишува Мицковски.