Македонија 20. октомври 2019. / 21:05

Мицкоски: Завршува арамилукот, срамот и неправдите донесени од Заев и оваа влада, избори на 12 април

Мицкоски: Завршува арамилукот, срамот и неправдите донесени од Заев и оваа влада, избори на 12 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи преку Фејсбук и напиша дека завршува арамилукот, срамот, неправдите и назадувањето донесено од Зоран Заев и оваа влада.

Од 3 јануари техничка влада, на 12 април избори. Иако се тешки времиња изборот никогаш не бил појасен. Сите заедно одиме на голема победа која ќе ја донесе обновата на Македонија. За Македонија! – напиша Мицкоски.