Македонија 22. ноември 2019. / 13:18

Мицкоски: „Завидлизмот” на Заев во полн израз – кавгата со ДУИ и ослободувањето на Катица го покрива со ширење на лажни вести, но ги чека пораз

Мицкоски: „Завидлизмот” на Заев во полн израз – кавгата со ДУИ и ослободувањето на Катица го покрива со ширење на лажни вести, но ги чека пораз

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Конгресот на ЦДУ во Лајпциг истакна дека во полн израз доаѓа завидлизмот на Заев, откако видел дека и последната негова теза, неговиот меур како сапуница се распрсна дека ВМРО-ДПМНЕ практично имала неуспешен конгрес во рамките на ЕПП во Загреб.

Мицкоски нагласи дека поддршката е огромна, средби со голем број претставници, со голем број претседатели на наши сестрински партии,ја реафирмираа недвосмислената поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и на следните предвремени парламентарни избори голем дел од нив ќе присуствуваат во насока на поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија.

Во обид да ги скријат катастрофалните скандали каде што кумашинот на Зоран Заев практично брутално го нападна коалициониот партнер ДУИ, скандалозното ослободување на притвореничката Катица Јанева, скапо платената пи-ар машинерија на СДСМ буквално од контекст се обиде да ја изврти вистината и да ги манипулира македонските граѓани – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, како што вели, во минатото сме кажале, вистината порано или подоцна излегува на виделина и дека ВМРО-ДПМНЕ победува на следните предвремени парламентарни избори, а Зоран Заев и останатата врхушка на СДСМ исплашена, во паника во страв е свесна за поразот, но истовремено е свесна и за одговорноста на погрешните политики коишто речиси три години ги води во Македонија.