Македонија 12. септември 2018. / 22:18

Мицкоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е јасен – граѓаните сами да одлучат за ова емотивно прашање

Мицкоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е јасен – граѓаните сами да одлучат за ова емотивно прашање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва гостуваше во емисијата „24 Анализа“ на телевизија „24“.

Тој го потврди ставот на партијата дека граѓаните по сопствено убедување треба да одлучат што ќе прават на 30 септември, односно на денот на референдумот.

Мицкоски истакна дека одлуката е донесена врз основа на внатрепартиски консултации, но и во консулатција со граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува волјата на граѓаните, бидејќи ова за нас е надпартиско прашање. Прашање кое е премногу емотивно за граѓаните, за нацијата и е потребно нацијата и граѓаните да одлучат како ќе постапат на 30 септември“, рече Мицкоски.

Тој во емисијата повтори дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не води кампања за капитулантскиот договор за промена на името.