Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на средба за да му го достави пишаниот документ за тоа што се договорил со неговиот колега Алексис Ципрас.
Лидерот на опозицијата смета дека овој договор е апсолутен пораз на македонската дипломатија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име. И ќе се спротистави со сите демократски и правни средства против овој капитулантски договор. Работата е пресериозна и сите имаме одговорност кон нашата држава и граѓани. – истакна Мицкоски.
На денешната прес конференција Мицкоски соопшти дека веќе договорил средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.
Тој до македонската јавност истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува со Република Македонија.