Македонија 04. јуни 2019. / 11:07

Мицкоски се сретна со иселениците во Берлин: На Македонија и треба преобразба за подобар живот

Мицкоски се сретна со иселениците во Берлин: На Македонија и треба преобразба за подобар живот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари среда со македонските иселеници и членови на задграничкиот комитет на партијата во Берлин, Германија.

На средбата дискутирале за актуелната состојба во Македонија.

– Дискутиравме за Македонија, за актуелната состојба и нејзината иднина. Македонците насекаде се загрижени за она што се случува во нашата земја, за уништената економија, за погазеното достоинство, за негрижата на власта кон граѓаните дома, но и кон Македонците надвор од нашата земја. – соопшти на Фејсбук Мицкоски.

Тој нагласи дека се повеќе луѓе не ја гледаат иднината во Македонија.

– Картите во еден правец надвор од Македонија се најчестата алтернатива кога луѓето не ја гледаат иднината во нашата земја. Мора заеднички да се обединиме во изградбата на посветла иднина, да го искористиме сиот потенцијал за да Македонија почне да се развива, да оди со крупни чекори напред.

На Македонија и треба преобразба која ќе донесе подобар живот. За сето ова да стане можно потребно е да се порази оваа власт, криминалот и корупцијата кои тие го носат, уништувањето во сите сфери на животот кој тие го сеат зад себе. – напиша Мицкоски.